Гази Баба објави повик за Проектот „Цвеќето и зеленилото во нашата општина“

Со цел да се поттикнат жителите на Гази Баба, училиштата, градинките и стопанските објекти, да се приклучат кон разубавувањето на општината, деновиве се реализира Проектот „Цвеќето и зеленилото во нашата општина“.

 

Општина Гази Баба во соработка со Организација на жени на Гази Баба, го реализираат проектот и ги повикуваат сите оние кои вложиле труд во разубавувањето на посторот во кој живеат, престојуваат или учат,  да се пријават на повикот и учествуваат в изборот за најубава цветна тераса, двор, простор пред заедница на станари, училишта, градинки и стопански субјекти.

 

За најдобрите, предвидени се награди.

Пријавувањето може да го направите на телефоните: 02/321886; 07132217 и 075435155 до 17.07.2018 год. до 16,00 часот, по што комисија составена од вработени во општина Гази Баба и членки на Организација на жени Гази Баба, ќе излезат на терен и ќе ги посетат пријавените.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.