Граѓаните реагираат за хаварисани возила во Автокоманда, општината запознаена со проблемот

На старите и хаварисани возила местото им е во отпад или во гаража, а не на паркинг, каде што зафаќаат место и оневозможуваат да се паркираат возила и покрај проблемот со немање доволен број паркинг места, реагираат жителите.

 

Ваков проблем постои и во населбата Абтокоманда во Општина Гази Баба, од каде што жители за овој проблем се обратија до 1-ва скопска. Тие велат дека пријавено е и во општината и во пајак службата, но од пајак службата им посочиле дека надлежноста за отстранување на хаварисаните возила е на општините и за нивното отстранување од јавните површини се грижат општинските комунални инспекторати.

 

Побаравме одговор и од Општина Гази Баба за тоа кои се плановите на општината за хаварисаните возила. Оттаму ни одговорија дека Општина Гази Баба е запознаена со проблемот со хаварисани возила на јавните површини. Токму затоа, надлежни комунални инспектори излегоа на терен и на сопствениците на возилата кои не се во возна состојба, им изрекоа опомена за да ги отстранат во одреден рок.

 

Доколку и понатаму хаварисаните возила не бидат дислоцирани, инспекторите ќе постапуваат согласно законските мерки.

 

Од општината исто така соопштуваат дека дел од сопствениците на кои им биле изречени опомени, веднаш ги отстраниле возилата, а за останатите упатуваат апел да го сторат тоа во најкус можен рок, со цел да се ослободат паркинг местата, во спротивно ќе постапуваат согласно законските мерки.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.