Се асфалтира улица Товарник во Ченто

Голема акција за реконструкција на постоечките и изградба на нови улици се одвива во општина Гази Баба. Градежната акција започна со улицата Товарник во населбата Ченто, каде што покрај асфалтирањето, беше поставена и водоводна, канализациона и атмосферска мрежа. Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски најави забрзано одвивање на градежните работи, со цел да се овозможи непречено одвивање на сообраќајот на оваа улица.

Покрај улицата Товарник, во текот на летниот период ќе се асфалтираат и уште 28 други улици и во останатите населени места во општина Гази Баба, со што општината, како што вели Георгиевски ќе добие модерен и урбан лик.

За овој проект општина Гази Баба од својот буџет одвои 80 милиони денари, 20 милиони денари се од Агенцијата за магистрални и регионални патишта, а 5.500.000 денари се обезбедени од градот Скопје.

Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk

Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс

© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.