Градоначалникот на Гази Баба Георгиевски се сретна со италијанскиот амбасадор Ромео

 

Градоначалникот на Бази Баба, Борис Георгиевски се сретна со амбасадорот на Италија во Македонија, Карло Ромео.

Како што соопшти Општина Гази Баба, Георгиевски го запознал Ромео со сите проекти на кои се работи во моментот, со кои значително ќе се подобри животот на сите граѓани од општината, како во урбаните така и во руралните подрачја. Покрај ова, ги најави и оние проекти кои ќе следат во идниот период. 

Георгиевски, како што се посочува, ја презентираше и поволната клима за инвестирање во економските зони кои се на територија на општината. Градоначалникот и амбасадорот предложиле да се одржи економски форум на кој ќе учествуваат италијански и македонски компании и бизнисмени, кои детално ќе се запознаат што нудат овие зони. Договорено е исто така во едно училиште во Гази Баба бесплатно да се изучува италијанскиот јазик и култура, пилот проект кој се очекува да стартува од септември. 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.