Градоначалникот на Гази Баба се сретна со неговиот колега од општина Елез Хан од Косово

Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски, денеска се сретна со градоначалникот на општина Елез Хан, Косово, Руфки Сума.

Двајцата градоначалници, се запознаа со проектите на кои работат во своите општини. Една од темите на кои разговаа беше изнаоѓање на заедичко решение за превоз и обезбедување на потребните услови на децата од село Блаце кои следат настава во Елез Хан а кој пешки стигнуваат до училиштето.

Зборуваа и за воспоставување на соработка од областа на културата, спортот, образованието, каде ќе бидат вклучени и ученици од училишта кои се наоѓаат во двете општини.

Градоначалниците заеднички ќе бараат решение и за елиминарање на проблемот со дивократците и дивите сечи на дрвјата на Скопска Црна Гора.

Георгиевски, кој е и претседател на Скопски плански регион, со неговиот колега се договори заедно да работат на заштита на реката Лепенец, чие корито е преполно со ѓубре поради што постои опасност од поплави.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.