Во среда детска ликовна колонија во Кучково

Ликовна колонија во Кучково

Во среда во селото Кучково во Општина Ѓорче Петров ќе се одржи традиционалната ликовна колонија за ученици од 6-то до 9-то одделение. Делата кои ќе бидат насликани на оваа ликовна колонија ќе бидат изложени на општонародниот собир кој ќе се организира за 1-ви Мај.

 

Во Кучково традиционално и годинава ќе се одржи ликовната колонија која ќе ги обедини најмладите уметници од основните училишта во општината Ѓорче Петров и од Градот Скопје.

 

Ликовната колонија ќе се одржи на 26-ти април на три локации во селото Кучково, на сред село стара чешма во селото Кучково, во манастирот св. Ѓорѓија  и во етно ресторанот „Старо буре“  а учество ќе земат над 40 ученици од 6-то до 9-то одделение од општината и сите општини од градот Скопје.

 

Младите сликари за своите дела ќе употребуваат молив и јаглен, акрилни и темперни бои кои ги обезбедува општината.Творбите ќе бидат изложени на Општонародниот собир што се организира секоја година , на 1-ви Мај на платото пред Крстот во селото Кучково, а секое дете ќе го презентира своето дело пред присутните посетители.

 

За децата обезбеден е бесплатен автобуски превоз од општината Ѓорче Петров до Кучково.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.