Започна летната културна програма во Општина Ѓорче Петров

Летна културна програма

Општина Ѓорче Петров ја започна реализацијата на летната културна програма која вклучува бројни концерти и настани за жителите на општината. Оваа традиција Општина Ѓорче Петров ја негува веќе 12 години.

 

Со концерт на играорците од КУД ,,Глигор Прличев,, и ,,Лилјан,, од Скопје и КУД ,,Истанбул,, од Истанбул, Општина Ѓорче Петров најави богата летна културна програма која општината ја подготвува за своите жители. Поради дождливото време концертот кој требаше да се оджи во реонскиот парк, се одржа во Центарот за култура кој беше премал за посетителите на концертот. Во рамки на богатата летна културна програма од општината планирани се бројни настани во паркот кои изминативе 12 години се традиција во оваа општина.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.