Локализиран пожарот кај местото Чашка, Скопско

Локализиран пожарот кај Чашка

Пожарот кај местото Чашка, во општина Ѓорче Петров кој избувна вчера, е локализиран и ставен под контрола.


Дирекцијата за заштита и спасување информира дека ангажираните два авиона во текот на вчерашниот ден направиле 7 налети, а утрово до 11 часот се направени уште 3 налети со два авиона. Дирекцијата за заштита и спасување има мобилизирано 25 лица од Републичките сили за заштита и спасување кои се на терен.

 

Од ДЗС наведуваат дека се во состојба на зголемена будност. - Вработените во подрачните одделенија ја следат состојбата на целата територија на Републиката и е подготвена во секој момент доколку има потреба да ангажира тимови за брз одговор за гаснење пожари на отворен простор на територијата на Република Македоинија, истакнуваат од ДЗС.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.