Акција за чистење и уредување во општина Ѓорче Петров

Акција за чистење

На територија на Општина Ѓорче Петров се спроведе акција за чистење и уредување на општината. Во рамки на акцијата на повеќе локации се косеше трева и се уредуваше зеленилото.


Сезонските работници од општина Ѓорче Петров ја косат тревата и го средуваат зеленилото на повеќе локации.


Во рамки на акцијата денеска се изврши чистење, косење трева и собирање отпад на потегот од стадионот „Млади лавови“ во должина од 500 метри. Екипите ги уредувале зелените површини и пешачките патеки покрај насипот, а се собирал и сметот со цел да се намалат дивите депонии.


Во општина Ѓорче Петров работат над 60 сезонски работници за расчистување и одржување на хигиената и за одржување на јавни зелени површини. Секојдневно се собираат по 10 камиони градежен шут, смет и стара покуќнина. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.