Се санира спортската сала во ООУ „Димитар Поп Георгиев- Беровски“

ООУ „Димитар Поп Георгиев- Беровски“

Општина Ѓорче Петров летниот период го користи за санација и реконструкција на училиштата и спортските сали. Во моментов се санира спортската сала во ОУ ,,Димитар Поп Георгиев Беровски“.


Санација на спортската сала, замена на подот од паркет и бојадисување на ѕидовите се само дел од градежните активности на кои интензивно се работи во текот на летниот период во ООУ „Димитар Поп Георгиев - Беровски“.


Општина Ѓорче Петров соопшти дека салата ќе добие нов модерен гумиран под.


Средствата за овој зафат се обезбедени од буџетот на Општината Ѓорче Петров и ќе чини над два милиони денари.


Во текот на летниот период и во останатите општински училишта се вршат реконтрукции и поправки.


Во ООУ „Страшо Пинџур“ и ООУ „Ѓорче Петров “ се врши санација на дел од кровната конструкција и бојадисување на ѕидовите на спортската сала. Во ООУ „ Тихомир Милошевски“ се врши поправка на спортската сала „Христо Батанџиев“ и помошните простории. Влезните врати од спортската сала ќе бидат заменети со нови, а ќе бидат комплетно обновени и седиштата на трибините.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.