Свежо цвеќе пред споменикот на загинатите бранители од Волково

Споменик на загинатите бранители

Во спомен на загинатите припадници на Армијата на Република Македонија, Ивица Златевски, Томе Димоски , Раде Јанковски и Ацо Ангеловски кај месноста Љуботенски Бачила во 2001 година, делегација од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија, како и општинската делегација од општина Ѓорче Петров предводена од градоначалникот Сокол Митровски денеска положи цвеќе пред нивниот споменик во населеното место Волково.

 

Пред споменикот на своите синови, татковци и сопрузи, цвеќе положија и семејствата на загинатите.

 

Градоначалникот Митровски со делегација положи цвеќе и на споменикот на подигнат во чест на сите бранители во Реонскиот парк , а општинска делегација положи цвеќе и на спомен чешмата подигната во чест на Томче Насковски кој исто така го даде својот живот во конфликтот во 2001 година.

 

На 10 август 2001 година, воено товарно возило на АРМ на патот кај месноста Љуботенски Бачила нагази на две противтенковски мини.


Покрај четворицата жители на Волково, животот го загубија и Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, сите припадници на резервниот состав на АРМ од гарнизонот Скопје.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.