Улицата „Браќа Чакреви“ целосно се реконструира

Ул. „Браќа Чакреви“

Со одстранување на старата и поставување на нова асфална подлога, заврши целосната реконструкција на улицата „ Браќа Чакреви“ во општината Ѓорче Петров.

 

Реконструкцијата опфати промена на коловозот, изградени се нови тротоарите со широчина од 1,5 метри, а изведена е и нова атмосферска канализација со широчина на цевките од 250 мм. Поставено е и ново улично осветлување.


Улицата е со должина од 330 метри и широчина од 6 метри. Работите ги изведуваше АД „ Карпош“ Скопје. Средствата за реализација на проектот во висина од 10,8 милиони денари ги обезбеди Министерството за транспорт и врски и општината Ѓорче Петров.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.