Спортските училишни лиги започнаа во о.Ѓорче Петров

Спортски училишни лиги

Над седумстотини деца од основните училишта од Општина Ѓорче Петров денеска го означија стартот на натпреварувачката сезона во која учество ќе земат сите шест основни училишта.

 

Училишните екипи во голем фудбал, кошарка, фудбал, одбојка , пинг понг, тенис, атлетика ќе се натпреваруваат во текот на целата учебна година, а по тој повод градоначалникот Сокол Митровски додели спортски дресови во препознатливи бои и реквизити за сите учесници во лигата кои ќе продефилираат на стадионот Македонски лавови. За успешен почеток на натпреварувачката сезона, градоначалникот Митровски на директорите на основните училишта им додели и комплет спортски реквизити. Градоначалникот истакна дека вложува во најдобрите спортисти, и истите ги мотивира и понатаму да продолжат професионално да се занимаваат со спорот.


Претседателот на училишниот спорт во општината, Лука Поповски, на градоначалникот Сокол Митровски му врачи плакета за основање и континуирана поддршка на училишниот спорт во општината Ѓорче Петров.


Општината училишните спортски игри ги организира седма година по ред, кои птидонесуваат за поттикнување на спортскиот дух, како и за надоградување на талентот кај децата од оваа возраст.


По повод празникот на општината , 20 Септември, ова ќе биде еден од главните спортски настани кои со особена важност се следат во текот на целата учебна година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.