,,Денови на Општина Ѓорче Петров,, централна манифестација по повод Денот на општината

,,Денови на Општина Ѓорче Петров,,

Со манифестацијата ,,Денови на Општина Ѓорче Петров,, започна централното одбележување на Денот на општината. На оваа манифестација и претходеа низа културни и спортски активности кој се одржуваа на различни локации во Општина Ѓорче Петров.

 

Празникот на општината Ѓорче Петров, 20 Септември се одбележува со богата програма на културни и спортски настани. За таа цел во Реонскиот парк синоќа беше отворена манифестацијата ,,Денови на Општина Ѓорче Петров,, која е збогатена со културно уметничка програма и со присуство на гости од збратимените општини од Словачка, Бугарија и Србија. Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски истакна дека со богата програма сакаат да одбележат 101 година од постоењето.


Синоќешната забава започна со настап на фолклорната група ,,Поважан,, од Република Словачка кои преку изведбата на традиционалните народни песни , ора и обичаи покажаа дел од културното богатство што се негувало со години во нивната земја. Свој настап имаа познатите македонски пејачи Влатко Лозановски, Влатко Илиевски, Ристо Самарџиев, Симона Поповска и Анета Мицевска и групата Молика.

 

Празнувањето на општината ќе се заокружи денеска со културно уметничка програма во реонскиот парк каде ќе има реприза на детскиот фестивал "Соната", настапи на КУД "Глигор Прличев", настап на танцовиот спортски клуб "Бранимир и Бранкица", фолклорна група на пензионери "Ѓорче Петров", трио тенори "Џентлмен", КУД од Скопје и ди џеј Панчо.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.