Доделени благодарници, признанија и плакети на најзаслужните за развојот на о. Ѓорче Петров

Признанија за најзаслужните за о. Ѓорче Петров

Со доделување на благодарници, признанија и плакети на најзаслужните граѓани за развојот на општина Ѓорче Петров, денеска беа заокружени големиот број културно спортски настани, предвидени за одбележувањето на Денот на општината.

 

Изминативе неколку дена, во општина Ѓорче Петров поминаа во знакот на одбележување на Денот на општината, 20 Септември. За таа цел се одржаа голем број културно спортски настани, меѓу кои голем турнир во мал фудбал на кој учество зедоа 20 екипи од цела Македонија и од соседството, на кои денеска им беа доделени наградите за освоено прво, второ и трето место. Се одржа и познатиот детски фестивал Соната, а официјално беа отворени и спортските училишни лиги.

 

Официјалното одбележување на Денот на општината, 20 Сптември се случи денеска во Центарот за култура, каде на свечена седница на Советот беа доделени благодарници, признанија и плакети на сите кои дале свој придонес во развојот на општината. Една од наградените е и наставничката по математика Анкица Спасова од основното училиште Тихомир Милошевски, чии што ученици покажуваат извонредни резултати и достигнуваат големи успеси на математички натпревари на европско и светско ниво.

 

Овогодинешен добитник на Годишната награда „Ѓорче Петров“, според одлуката на Советот на општината и Градоначалникот е пензионерското друштво од Ѓорче Петров.

 

Во рамки на одбележувањето на Денот на општината, општина Ѓорче Петров официјално се збратими со општината Осечина од Република Србија. Како што информираше Драган Алексич, од општина Осечина, соработката со општина Ѓорче Петров трае веќе 12 години, а денеска беше само официјализирана.

 

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров нагласи дека за несебичната посветеност денеска им биле доделени признанија на долгогодишните вработени во општината, а на амбасадорите симболичен клуч од општината, кој ќе придонесе да ја чувствуваат како нивна.

 

За одличната соработка со МТМ телевизија, и непристрасното и секогаш навремено информирање на гледачите за нивните активности Митровски искажа јавна благодарност.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.