Пчеларите од здружението „Матица“ на средба со Градоначалникот Сокол Митровски

Здружение „Матица“

Градоначалникот Сокол Митровски денес ги прими преставниците од Здружението „Матица Скопје„ од Скопје чие седиште се наоѓа во населеното место Волково во општината Ѓорче Петров. На средбата беа истакнати проблемите и состојбите со кои се соочуваат пчеларите , поврзани со климатските услови во периодот кога вегетираат најголемиот дел од медоносните растенија, поради што не можат да се создадат услови за репродукција на пчелните семејстава, и немањето можности за медни залихи.


Преставниците од здружението исто така истакнаа дека се задоволни од долгогодишната манифестација „Денови на македонскиот мед“ каде посетителите на ул. Македононија во Скопје, имаа можност во директни контакти со пчеларите да добијат совети како да препознаат квалитетен мед. Претседателот на здружението Др. Јане Марков на средбата се заблагодари за досегашната долгогодишната успешна соработка со општината Ѓорче Петров и финансиската поддршка која ја добиваат од општината.


Во знак на долгогодишната соработка, пчеларите му подарија на Градоначалникот Митровски препознатлива маица со амблемот на здружението.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.