Нов Дом на култура во с. Кучково

Нов Дом на култура во с. Кучково

Жителите на село Кучково добија нов Дом на култура. Од темел се изгради нов објект за потребите на селото кој ќе има повеќе намени. Како што информираао од општината во 217 м2 сместени се простории за амбуланта, канцеларија за месната заедница, два тоалети , чајна кујна и повеќе од 100м2 зафаќа новата сала за состаноци.

 

Просторот пред влезот на Домот е поплочен со павер елементи, а просторот околу домот е расчистен и истиот ќе биде посаден со трева и ќе бидат засадени и млади дрвца. Домот има и подрумски простории од околу 80м2. Локалното население не го крие своето задоволство што конечно има свое современо собиралиште каде што ќе можат да се среќаваат и да одржуваат средби.

 

Инаку на местото каде што е изграден новиот Дом на култура, во 2004 година, поради неисправна инсталација, се опожари стариот Дом за култура во селото Кучково.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.