Лични асистенти за децата со посебни потреби во општината Ѓорче Петров

Асистенти за децата со посебни

Децата со посебни потреби во основните училишта од општина Ѓорче Петров добија четиричасовна асистенција во текот на наставниот ден. Во текот на целата работна недела, 15 лични асистенти, ќе им помагаат на учениците полесно да се движат низ училиштата, ќе нудат помош при користење на материјалот во текот на наставата и при извршување на сите училишни обврски.

 

Асистентите, се очекува да им го олеснат процесот на интеграција и да остварат подобар успех при совладување на наставниот материјал, како и зголемување на свесноста на другите ученици за потребите на децата со попречености. Меѓудругото, образовните асистенти ќе им помогнат на децата со посебни потреби во прилагодување на наставната содржина во соработка со наставниците, согласно индивидуалните образовни потреби на ученикот, подготвување на материјали за учење, насочување на вниманието во текот на часот, со цел усвојување на предвидената содржина, манипулативни активности како пишување, цртање, сечење, моделирање доколку е потребно и одржување на комуникација и социјална интеракција меѓу ученикот и соучениците. Проектот започна на 2 октомври и ќе трае до крајот на учебната година. Со цел асистентите да се запознаат со децата и со наставниот кадар, во општината беше одранизирана неколкудневна обука за запознавање.


Проектот "Образование без пречки" се имплементира во сите шест основни општински училишта во Ѓорче Петров.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.