Положено свежо цвеќе по повод државниот празник "11 Oктомври" во Ѓорче Петров

Споменик на паднатите борци во Ѓорче Петров

По повод 11 Октомври - Ден на народното востание, делегација од општината Ѓорче Петров предводена од Градоначалникот Сокол Митровски денеска во реонскиот парк во Ѓорче Петров, положи свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци.

 

На свеченоста цвеќе положија  и преставници од Советот на Општина Ѓорче Петров, Здруженија на борци и пензионери, преставници од политичките партии, основните училишта и градинката Росица  како и други јавни институции и граѓани од општината.

 

Градоначалникот на општината Сокол Митровски се заблагодари на сите кои го празнуваат овој голем македонски празник бидејќи тоа е многу важен празник за целиот македонски народ. Се заблагодари и на Сојузот на борците што секоја година положуваат цвеќе на споменикот на своите другари иако се во поодминати години, сепак секоја година го чествуваат овој празник. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.