Завршуваат градежните работи на улицата „Анастас Коцарев“ во Ѓорче Петров

Ул. „Анастас Коцарев“

Градежните работници од АД „ Карпош“ Скопје работат на асфалтирање на улицата „Анастас Коцарев“ во Општината Ѓорче Петров. Улицата комплетно ќе биде реконструирана со поставување на нова тампонска подлога, нов асфалтен слој, а ќе бидат поставени и нови ивичници.

 

Покрај реконструкцијата, за која средствата во висина од 2.950.000 денари се обезбедени од Министерството за транспорт и врски, заради застареност на старото улично осветлување општината од својот буџет издвои дополнителни средства во висина од 1.298.000 денари, за поставување на дваесет нови 6 метрски канделабри со што видно ќе се подобри квалитетот на уличното осветлување на улиците „ Анастас Коцарев“ и „Гостиварска“ на која исто така се вршат последните подготовки за поставување на нова асфалтна подлога. За поставување на уличното осветлување е ангажирана скопската фирма „ Магнус-инженеринг“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.