Одбележани 73 години од ослободувањето на Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров

Со низа активности денеска во Општина Ѓорче Петров се одбележаа 73 години од ослободувањето на Ѓорче Петров. Во реонскиот парк беше положено цвеќе пред споменикот на паднатите борци од НОБ, а во Центарот за култура се одржа уметнички хепенинг. Активностите продолжуваат и вечерва со празничен музички хепенинг од хуманитарен карактер ,,Скопје слободно- Ѓорче гори,,.

 

По повод одбележувањето на Денот на ослобудување на Ѓорче Петров, општината организира богата културно уметничка програма посветена токму на овој ден. Одбележувањето започна со положување свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци од НОБ. Цвеќе положија делегација од Општина Ѓорче Петров предводена од градоначалникот Александар Наумовски и претставници од невладини организации.


Активностите продолжија во Центарот за култура во Ѓорче Петров каде се одржа уметнички хепенинг, а беше отворена и изложба на карикатури создадени во рамките на проектот ,,Доза на сатира за здрава демократија,,. Изложбата е во организација на Остен, а проектот е поддржан од американската Амбасада во Македонија. Таа ќе биде отворена до 20 ноември. Карикатурите беа создадени на креативните работилници предводени од познатиот карикатурист Драган Поповски, на кои учествуваа ученици од Битола, Скопје, Тетово и Штип.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.