Нов паркинг-простор во близина на пазарчето во Ѓорче Петров

Нов паркинг во Ѓорче Петров

Во близина на пазарчето во населбата Ѓорче Петров е пуштен во употреба целосно нов паркинг простор. Како што информираат од општина Ѓорче Петров со овој паркинг се реши долгогодишниот проблем на жителите, особено на посетителите на пазарот кои доаѓаат со возила.


Улицата "Новопроектирана 1" досега беше многу често блокирана од времено паркирани возила, а сопствениците се соочуваа со проблемот, подигање на возила од страна на пајак-службата. Новоизградениот паркинг ќе овозможи непречено паркирање и за купувачите и за сопствениците на тезги во пазарчето.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.