Широка дебата за семејно насилство во Ѓорче Петров

Дебата за семејно насилство

По повод 16 дена активизам против семејното насилство, општина Ѓорче Петров, во соработка со Националниот совет за родова рамноправност одржа работен состанок, со цел превенција на семејното насилство.

 

Денешната дебата, на која присуствуваа членови на администрацијата на локалната самоуправа, Советот, членови на Комисија за труд и социјална политика на општината, директори на училишта, претставници на невладини организации, како и надворешни соработници кои делуваат во оваа сфера претставува продолжение на претходна соработка потпишана со меморандум меѓу Националниот совет и Ѓорче Петров. Во полето на родова еднаквост во општината се работи со години наназад, велат од општината.


Савка Тодоровска од Националниот совет предложи да се отворат координативни тела и ингеренциите да се симнат на општинско ниво. Потребна е и СОС линија на ниво на општината, додаде Тодоровска, предслог за кој надлежните од Ѓорче Петров размислуваат да го усвојат во иднина.


Овие активности се преземаат врз основа на истанбулската Конвенција на Советот на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и домашното насилство, која беше усвоена и на седница на Влада на РМ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.