Акција за почисто Ѓорче

Собирање смет во Ѓорче

На повеќе локации во општина Ѓорче Петров се спроведува голема акција за собирање смет. Се чистат депонии кај фабриката "Адинг", во Кучково, кај ООУ "Јоаким Крчоски", во Ново Село, под обиколницата и на други локации.


Од општината информираат дека подигнати се повеќе од шест камиони шут, кабаст материјал и смет, а акцијата за чистење на улици и депонии се спроведуваше и викендов.


Службите на општината во соработка со Град Скопје интервенираа на повеќе локации, односно се чистеше на главните, собирните и споредните улици во општината. Покрај општинските комунални служби, во акцијата беше вклучено и Јавното претпријатие "Комунална хигиена".


Целта на акцијата е почисто Ѓорче, слободен пристап до објектите каде до скоро имаше шут, но пред се, заштита на животната средина и превентивно делување заради опасност на ширење зарази од депониите кои подолго време не беа расчистени.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.