Поделена храна и облека на социјално загрозени семејства од Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров

14 социјално загрозени семејства од Општина Ѓорче Петров денеска добија пакети со храна и облека. Од Општина Ѓорче Петров информираат дека во наредниот период, планирана е посета на 70 социјално загрозени семејства кои живеат на територијата на Ѓорче Петров.

 

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски им подели пакети со храна и облека на 14 социјално загрозени семејства кои живеат на територијата на општината.


Наумоски и дел од општинските служби, во соработка со здружението ,,Љубезност,, од Скопје, им излегоа во пресрет на семејствата на кои неопходна им беше ваква помош. Целта на општината е да ги детектира семејствата кои се соочуваат со вакви проблеми, за во иднина да изнаоѓа начин да им помага. Во наредниот период, планирана е посета на 70 социјално загрозени семејства кои живеат на територијата на Ѓорче Петров.


Соработката со невладиниот сектор ќе се интензивира и во иднина. Воедно, од општината апелираат и до други невладини организации да се вклучат во вакви хуманитарни акции за помош и поддршка на оние семејства на кои истата им е најпотребна.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.