Општина Ѓорче Петров ќе санкционира депонирање и палење отпад во депонијата во Ново Село

Санкции за депонирање и палење отпад

Инспекциските служби на Ѓорче Петров ќе вршат зачестени контроли и санкционирање на прекршителите, поради тоа што во изминатите денови забележано е депонирање и палење отпад во депонијата во Ново Село кај пречистителната станица, без овластување од страна на општината.


Акцијата е во координација со припадници на Министерството за внатрешни работи. Истовремено, оваа мерка се презема и заради енормното загадување во овој период од годината и поради ублажување на последиците од истото, соопшти општина Ѓорче Петров.


Општината апелира на совесност од граѓаните и максимално почитување на Законот за јавна чистота.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.