Можност за нови проекти за младите истражувачи од училиштата во Ѓорче Петров

“Предизвик за млади истражувачи”

Општина Ѓорче Петров се приклучи кон проектот за млади истражувачи , на фондот за иновации и технолошки развој. Општината овој проект го финансира со 1. 500 000 денари, наменети за награди за учесниците. Право на учество имаат сите основни и средни училишта од Македонија, а наградите се во две категории: научно-истражувачки проекти во основно и научно-истражувачки проекти во средно образование.

 

Фондот за иновации и технолошки развој во општина Ѓорче Петров ги претстави можностите кои ги нуди, а се однесуваат на млади истражувачи од училиштата. Имено, проектот на Фондот насловен “Предизвик за млади истражувачи” кој беше претставен во општината, подразбира истражувачки проекти во областа на природните и техничките науки.


Во истиот може да учествуваат сите основни и средни училишта од земјата со тимови составени од еден до два наставника, како лидери на проектот и три до седум ученици. Проектот мора да вклучува формулација, тестирање и потврда на хипотеза по пат на експеримент и набљудување и да се основа на научен метод. Од територијата на Ѓорче Петров, пак, заинтересираност за проектот за кој е одвен буџет од 1.500.000 денари за награди, покажаа претставници од сите училишта.

 

Наградите се во две категории: научно-истражувачки проекти во основно и научно-истражувачки проекти во средно образование. Сите заинтересирани може да се пријават на www.fitr.mk/predizvikzamladi.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.