Богослужба и кроење на лозја во Кучково

Богослужба во Кучково

И во село Кучково, општина Ѓорче Петров денеска во присуство на голем број верници, во црквата свети Трифун, се закроија лозниците.

 

По повод празникот Св. Трифун и во село Кучково, Општина Ѓорче Петров, се одржа богослужба и се закроија лозите во манастирот посветен на заштитникот на лозјата и овошките Св.Трифун. На традиционалното закројување на лозјето во Кучково присуствуваше градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, како и поранешниот градоначалник на Скопје, Трифун Костовски кој ја изгради црквата каде се одржуваше закројувањето. Богослужбата во манастирот ја одржа архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. За жителите од Кучково и од околните места празникот Св. Трифун претставува вековна традиција која и во иднина ќе се негува и прославува.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.