Во Ѓорче Петров се одржа хуманитарна забава

“Вино, љубов, хуманост”

Вчеравечер во Домот на културата во Ѓорче Петров, под мотото “Вино, љубов, хуманост”, се одржа хуманитарна забава, на која настапија голем број на изведувачи, меѓу кои и Мухамед Ибраими и Ратко Даутовски, Даниел Данн и диџеј Филип Деловски, како и танчерите Тијана и Андреј.

 

Хуманитарната забава по повод денот на виното и љубовта ја посетија голем број на граѓани, кои не само што се забавуваа, туку имаа можност и својата хуманост да ја покажат на дело преку донации во специјално изработената кутија, поставена на влезот на Домот на културата. Средствата собрани од забавата ќе бидат наменети за обезбедување на пакети со храна за социјално-загрозени семејства од општина Ѓорче Петров. Градоначалникот на општината, Александар Наумовски нагласи дека иако ова е прва забава од ваков тип, хуманитарните забави во иднина ќе прераснат во традиција.

 

Гостите имаа можност да уживаат и во дегустација на вината од Кувин, Винер и Берзанов, три винарии од Ѓорче Петров, кои имаа поставени свои штандови за време на забавата. Виното се продаваше по симболична цена, а дел од средствата од продажбата ќе бидат исто така наменети за социјално загрозените семејства.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.