Во општина Ѓорче Петров фрлени над 20 тони сол

Општина Ѓорче Петров

По интензивните врнежи од снег, во текот на ноќта и утрово во општина Ѓорче Петров фрлени се над 20 тони сол.


- Исчистени се улици во Волково, Орман, патот кон Никиштане, околу училиштата, а се фрлаше сол и по автобуските станици, информира општина Ѓорче Петров. 


По пријава на граѓани, службите излегле на терен и по споредни улици низ целата општина, и пред објекти кои поради снегот биле тешко пристапни. Граѓаните можат да пријавуваат проблеми од снежните врнежи на телефонските броеви 2044-411 и 2039-207. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.