Реконструирана салата во ООУ „ Димитар Поп Георгиев Беровски во Ѓорче Петров

ООУ „ Димитар Поп Георгиев Беровски

Нов изглед, по светски стандарди доби спортската сала во општинското основно училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски, во општина Ѓорче Петров. Од општината најавуваат реконструкција и на останатите спортски сали во училиштата во Ѓорче Петров.

 

Спортската сала во ООУ Димитар Поп Георгиев Беровски, по 60 години, денеска доби нов и модерен изглед. Имено направена е реконструкција во која се опфатен подот на салата, кој е повеќенаменски, односно освен за училишни, може да се користи и за спортски сали. Истиот е одобрен и од Интернационалната федерација за ракомет. Исто така, салата е и целосно внатрешно бојадисана.


На официјалното пуштање во употреба на спортскта сала присуствуваше и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски кој нагласи дека дека физичкото образование е еден од најважните сегменти во образовниот процес, кој има повеќекратни позитивни ефекти врз идниот физички и психолошки развој на младите генерации.

 

Општината ја заврши реконструкцијата на дел од спортската сала, со што се овозможува топлотна изолација, енергетска ефикасност и подобрени хигиенски услови. Со новиот под, се обезбедуваат услови за сите спортско-рекреативни активности, а придобивка ќе имаат и спортските клубови и друштва – рече Наумоски.

 

Спортскиот систем е непропустлив, со постојана еластичност, безбеден, со добра отпорност на гребење и абразија и погоден за активности на деца во раст и развој. За понатаму, планирана е реконструкција и на други сали во училиштата низ општината, со што децата ќе добијат современи и безбедни услови за реализација на наставата по физичко образование. 

 

Елизабета Дамјаноска Спасеновска





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.