Општина Ѓорче Петров започна со санација на опожарениот стан на Венера

Санација на опожарен стан

Опжарениот стан на Венера во Општина Ѓорче Петров во кој почина нејзината мајка, започна да се санира и реконструира од страна на Општина Ѓорче Петров. Станот ќе биде и опремен со мебел и покуќнина од фирми и физички лица кои се понудиле да помогнат за да може повторно Венера заедно со нејзиното бебе да се всели во станот.

 

Општина Ѓорче Петров заедно со доброволци кои сакаа да се вклучат во акцијата, почна со санирање на штетата и расчистување на сметот од пожарот кој на почетокот на јануари зафати дел од станот на Венера од Ѓорче Петров во кој почина нејзината мајка. Од страна на општината, со средства собрани од хуманитарната забава организирана на 14-ти февруари, неодамна на Венера и беше донирана храна и облека за неа и нејзиното бебе кои привремено се сместени во кумановско Табановце. Од општината информираат дека откако им била побарана помош тие веднаш излегле во пресрет и станот целосно ќе биде реконструиран и оспособен за вселување. Откако штетата целосно ќе се санира и просторот ќе се адаптира за живеење, станот ќе биде опремен со мебел и покуќнина од неколку фирми и физички лица покажаа интерес да и помогнат на Венера. Исто така, од општина е понудена и еднократна парична помош и побрзо обезбедување на документацијата која и е потребна по трагичниот настан.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.