Реконструкција на детски игралишта во Ѓорче Петров

Реконструкција на детски игралишта

Општина Ѓорче Петров интензивно работи на реконструкција на детските и спортските игралишта на територијата на општината. Изминатиов период заврши реконструкцијата на детското игралиште во село Никиштане, при што беше извршено бојадисување на елементите на игралиштето,  а се она што е дотраено, беше заменето.

 

Со реконструкцијата е опфатена и оградата на игралиштето. На истата локација санирани се штетите и на спортското игралиште, со што просторот е оспособен за рекреација на младите.


Покрај игралиштето во Никиштане, реконструирани се и детските игралишта на улиците “Шидска”-кај старата полициска станица и на “Македонска преродба”. Реконструкцијата, како што информираат од општината опфатила замена на реквизитите, и бојадисување.


Акцијата за реконструкција, според локалните власти продолжи и во средното училиште “Кочо Рацин”, каде што се отстранети таблите на старите кошеви на игралиштето. Поставени се целосно нови, со што игралиштето за баскет повторно може да се користи.


Од Ѓорче Петров најавуваат континуитет на акцијата за реконструкција на детските и спортските игралишта во сите населени места во општината.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.