Доделување на наградите „Антево слово“

„Антево слово“

Во спомен собата на Анте Поповски во Ѓорче Петров вечер ќе бидат доделени наградите „Антево слово“ кои се дел од меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ („Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchia“) за најдобра поетска творба во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски.


Ова е прва година наградата „Антево слово“ да биде конституирана како дел од оваа меѓународна манифестација која се одржува секоја година во градот Каникати во Сицилија, а воедно и прва од ваков вид која се доделува за македонски автор надвор од нашата држава.


Првата награда ја доби македонскиот автор Томислав Османли, втората награда ја доби Александра Димитрова, а трета награда ја доби Салваторе Амбросино од Италија. Како дел од оваа поетска манифестација е и интернационалната награда која годинава за прв пат ја добија Михајло Свидерски и Долорес Атанасова – Лори.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.