За прв пат доделени наградите ,,Антево слово,, во Општина Ѓорче Петров

,,Антево слово,,

Наградата ,,Антево слово,, која е дел од меѓународната поетска манифестација ,,Анџело Ла Векија,, од Италија за најдобра поетска творба во чест на Анте Поповски за прв пат е востановена во Општина Ѓорче Петров во спомен собата на Анте Поповски во центарот за култура.

 

На манифестацијата беа доделени наградите на добитниците, кои порачаа дека преку овој начин со создавање нови дела ќе се чествува ликот и делото на Анте Поповски и ќе се пренесува на идните генерации.

 

За прв пат во Општина Ѓорче Петров, во спомен собата на Анте Поповски, беа доделени наградите ,,Антево слово,, кои се дел од меѓународната поетска манифестација ,,Анџело Ла Векија,, од Италија за најдобра поетска творба во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски. Идејата за востановување на оваа награда е на Митко Гогов, писател кој минатата година ја доби престижната награда во Италија и како што вели тој оваа награда треба да се востанови кај нас за македонските автори кои се пријавуваат на овој фестивал.


Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски истакна дека преку ваков вид културни настани и преку спомен собата на Анте Поповски ќе заживее неговиот лик и дело и ќе се пренесува на младите автори.


Синот на Анте Поповски, Александар Поповски , изрази голема блегодарност до Општина Ѓорче Петров, како и до Митко Гогов иницијаторот за оваа манифестација и Геро Ла Векија, синот на Анџело Ла Векија кои одлучија да се востанови наградата Анте Поповски. Како што вели тој, ова странци го направија и сега тоа им е ветер во грб да продолжат во Македонија со ширење на македонската култура и македонскиот јазик.


Ова е прва година наградата ,,Антево слово,, да биде конституирана како дел од Меѓународната манифестација во Италија. Првата награда годинава ја доби македонскиот автор Томислав Османли, втората награда ја доби Александра Димитрова, а третата е за Салваторе Амбросино од Италија. Како дел од оваа поетска манифестација е и интернационалната награда која годинава за прв пат ја добија Михајло Свидерски и Долорес Атанасова - Лори. Авторите истакнаа дека токму на овој начин, со создавање нови дела ќе се чествува ликот и делотот на Анте Поповски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.