Хабитат Македонија врши истражување за состојбата на зградите во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров

Откако неодамна општина Ѓорче Петров потпиша Меморандум за соработка со Здружението за хумано домување Хабитат Македонија, анкетарите од Хабитат стартуваа со работа на терен со цел да се направи истражување каде е најпотребно да се изврши промена на фасадите и крововите на зградите во Ѓорче Петров.

 

Истражувањето ќе се врши во форма на прашалник за сите колективни станбени згради. Врз основа на резултатите од истражувањето, ќе се оформи регистарот на колективни станбени згради и регистар на управители.


Во регистарот на станбени згради ќе има податоци за состојба на зградите од аспект на број на станови и структура, до енергетска состојба. Следствено на тоа, ќе се изврши селекција на тн.најзагрозени од енергетски аспект, кое ќе се реконструираат.


Условите и критериумите за аплицирање, како што информираат од општина Ѓорче Петров ќе се дискутираат на седница на Советот.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.