All for Joomla All for Webmasters

Зошто се уште не е поставен семафор на ул. Борис Сарафов во Ѓорче?

Општина Ѓорче Петров

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ го обвинуваат Градот Скопје зошто досега не е воведен посебен сообраќаен режим на улицата Борис Сарафов во општина Ѓорче Петров каде што пред извесен период беше прегазено 10 годишно дете.

 

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов одговори дека кога е безбедноста во сообраќајот во прашање Градот Скопје нема никакви ингеренции. Меѓутоа во предизборната кампања Шилегов им ветил да граѓаните од овој дел на Скопје дека ќе се преземат конкретни мерки за подобрување на безбедноста на улицата. Како што појасни градоначалникот Шилегов улицата Борис Сарафов, од страна на МВР има одобрен проект за посебен сообраќаен режим, како што рече тој, за жал токму на денот кога се случила сообраќајната незгода. А Градот не е тој каде што ќе посака таму да постави семафор. Во рамки на безбедноста на пешаците Шилегов додаде дека И понатаму ќе продолжи акцијата за поставување на заштитни столбчиња во градот.

   

Забрането е превземање или копирање на авторски содржини (текстови,фотографии,видеа) без претходна писмена согласнот од МТМ ТВ. Доколку сметате дека вашето авторско право е повредено, ве молиме контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени. | Мапа на сајтот | RSS |