Хуманитарен концерт за малиот Дамјан

Хуманитарен концерт

Во Домот на културата „Ѓорче Петров“ во четврток (3 мај) со почеток од 20 часот хуманитарен концерт ќе одржи младата пејачка Магдалена Алексовска и многу музички имиња. 


Средствата кои ќе бидат собрани од концертот ќе бидат наменети за лекување на малиот Дамјан Поповски, кој има една година и осум месеци и се уште не го слушнал гласот на својата мајка.


Дамјан беше опериран на 17.04.2018 година и во мозокот му беше вграден кохлеарен имплант со чија помош тој треба да почне да ги прима звучните сигнали. Трошоците за неговото лекување и одржување на имплантот во постојана функција се многу големи и секоја поддршка и секое присуство на овој концерт е донација која ќе помогне во иднина и Дамјан да може да ужива во звуците на музиката. Цената на билетите за овој концерт е 100 ден, а со секое купување на билет веќе донирате за Дамјан. Билетите можат да се купат на влезот на Домот на културата пред концертот.


Да запееме со душа за Дамјан да слуша! е мото на концертот кој ќе го поддржат со свои настапи и Ристо Самарџиев, Влатко Илиевски, Џина Папас Џокси, 2ВЕ, Благица Ѕунѕуровска, Милана Лукиќ...


Концертот ќе започне со звуците на класичната музика со Екатерина Лукарова - флејта, Оља Михајловиќ - флејта,  Александар Војнески - виолина, Бојана Мирковска - виолина, Изабела Велковска - флејта, Марко Наумовски - флејта, Нина Крагуевска - кларинет, Виктор Богоевски - тромбон, Александра Кировска - гитара, Дамјан Илиовски - тромбон, Дани Жоговска - пијано... 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.