Општина Ѓорче Петров ќе го одбележи Денот на крстот во Кучково

Ден на крстот

Општина Ѓорче Петров утре кај крстот во с. Кучково ќе го одбележи традиционалниот Ден на крстот, што секоја година се одржува на 1 Мај.


Како што соопшти општината, за присутните граѓани на 13-от по ред народен собир, општината подготви богата програма што вклучува културно-забавен дел, дефиле на кинолошки и коњички клуб, спортски игри, како и настап на музичка група која ќе почне после 13 часот.


Воедно, ќе биде одржан и свечен молибден пред светиот крст, а за ручек ќе биде послужено традиционалното војничко гравче, за сите кои ќе одлучат скарата да ја заменат со војничко гравче.


Оваа манифестаци со децении се организирала во ова населено место, а општината го возобнови по изградбата на крстот во чест на сите кои животот го дадоа за Македонија во 2001 година.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.