Карате спортот во Македонија започнал од Општина Ѓорче Петров пред 50 години

Општина Ѓорче Петров

Карате спортот во Македонија започнал да се шири пред 50-години и тоа од Општина Ѓорче Петров. Карате клубот ,,Мирче Ацев,, е прв регистриран клуб со издадена прва книшка на натпреварувач од страна на Македонската карате федерација, а Димче Јанковски е прв регистриран каратист во Република Македонија. Општината заедно со сегашниот клуб ,,Ѓорче Петров,, на свечен начин го одбележа овој значаен јубилеј - карате спорт во Ѓорче Петров.

 

Некогашниот карате клуб ,,Мирче Ацев,,, а сегашен карате клуб ,,Ѓорче Петров,, на свечен начин одбележа 50 години од постоењето на карате спортот во Општина Ѓорче Петров, како прв регистриран карате клуб. На свеченоста на која беа доделени признанија, благодарници и плакети, присутните имаа можност да се потсетат на историјата и хронологијата на успесите што овој клуб ги имал и на ниво на Македонија и на југословенско ниво кога секогаш бил меѓу првите три во Југославија. Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, посочи дека како општина ќе се залагаат во негување на спортот, како правилен начин за развојот на децата.


Доајените кои го донеле карате спортот во Македонија потекнуваат токму од Општина Ѓорче Петров. Карате клубот ,,Мирче Ацев,, е прв регистриран клуб со издадена прва книшка на натпреварувач од страна на Македонската карате федерација. Димче Јанковски е прв регистриран каратист во Република Македонија, а по првиот регистриран клуб во општина Ѓорче Петров, каратето се шири низ други градови во Македонија. Тренерот Зоран Најдановски, кој се уште работи со каратистите се надева дека карате спортот во општина Ѓорче Петров уште многу години ќе опстојува и ќе бележи врвни резултати.


Според тренерот Најдановски, најзастапени и најголем интерес има од најмладите, но има и повозрасни категории. Сепак овој спорт ќе продолжи да опстојува на ниво на Општина Ѓорче Петров, се изготвуваат развојни програми и ќе се преземат сите активности за живее овој спорт и да бележи видливи резултати во Македонија и на меѓународно ниво.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.