Едукација за млади спортисти во општина Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров

Богатата спортска традиција која општина Ѓорче Петров ја негува со години, беше причина општината да биде домаќин на првата едукација за млади спортисти во организација на Центарот за едукација и менаџмент во спортот-ЦЕМС и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје.

 

Во предавањата беа опфатени 160 деца од општина Ѓорче Петров, на воздраст од 10 до 17 години, без разлика дали се спортски активни или не. Идејата на предавањата, како што појасни претседателот на ЦЕМС, Бојан Захариев е да се поттикне интересот кај младите за спортот, но и да се научи како правилно да се практикуваат спортските активности.


Предвидено е едукацијата да содржи три етапи кои ќе се состојат од теоретски и практичен дел. Последното предавање е предвидено за ноември годинава, а планирано е дотогаш да се организираат голем број на турнири и други спортски натпревари, кои ќе бидат надгледувани од стручни лица за спортски развој од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје. До крајот на 2018 година во едукациите ќе бидат опфатени три скопски општини, Ѓорче Петров, Карпош и Аеродром, како и 12 општини од внатрешноста на Македонија, додека за следната година се очекува предавањата да се прошират во 9 скопски општини и 36 од Македонија.


Сертификати за едукација за спорт на тема “спортска психологија, совети за здрава храна и теорија и методика” беа доделени на сите 160 учесници, а беа доделени и благодарници на истакнати спортски работници од нашата општина.


Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски го нагласи личниот ангажман за афирмација на спортот и развој на спортските таленти во Ѓорче Петров. За таа цел општината ги отстапи спортските терени и обезбеди спортски реквизити за потребите на едукациите на младите во општината.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.