All for Joomla All for Webmasters

Голема летна акција за собирање на електричен и електронски отпад во Општина Ѓорче Петров

,,Нула отпад,,

Започнува голема акција за бесплатно собирање електронски и електричен отпад од домовите на граѓаните во Општина Ѓорче Петров, во соработка со Друштвото за управување со отпад ,,Нула отпад,,.

 

Почнувајќи од денеска, жителите на Ѓорче ќе имаат можност, со вртење на телефонскиот број 070/236-000 да пријават за бесплатно од прагот на домот да им биде преземен габаритен уред како шпорет, термо печка, или пак, фрижидер кој не им е потребен. По истиот принцип, граѓаните може да пријават габаритен отпад и во најблиската урбана или месна заедница во Ѓорче Петров или во ,,Нула Отпад,, на телефонскиот број 02 3 256-309. Градоначалникот Александар Наумоски на почетокот од акцијата рече дека оваа акција ќе биде од големо значење на жителите со тоа што ќе се реши проблемот со фрлање на габаритниот отпад до контејнерите.


Во рамки на акцијата, пред трговскиот центар СП Планет во Ѓорче Петров веќе е поставен контејнер кој исто така служи како место за оставање електричен и електронски отпад за оние граѓани кои истиот можат да го транспортираат до контејнерот.


Инаку вакви контејнери за електричен и електронски отпад досега се поставени и во општините Гази Баба, Аеродром, Центар, Карпош и Чаир.

   

Забрането е превземање или копирање на авторски содржини (текстови,фотографии,видеа) без претходна писмена согласнот од МТМ ТВ. Доколку сметате дека вашето авторско право е повредено, ве молиме контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.