Обиколницата во Ѓорче Петров, поволна за привлекување инвестиции

Голем број на стопанственици се заинтересирани за купување парцели на огромната површина градежно, неизградено земјиште, во сопстеност на Министерството за транспорт и врски, а лоцирано околу обиколницата во општина Ѓорче Петров.

 

Со цел што поголем развој на општината во делот на обиколницата, општина Ѓорче Петров доставила барање до министерството за транспорт и врски за добивање дозвола за управување со градежното земјиште.

 

Приливот на пари од продажбата на парцелите, на заинтересираните инвеститори, ќе бидат искористени за изградба на нова индустриска зона и развој на периферијата, истакна Саша Максимовски, советник за инфраструктура во општина Ѓорче Петров.

 

 Како што информира Максимовски, општината во моментов работи на изработка на планско-урбанистичка документација, со која се очекува развојот на општината да се насочи кон периферијата, што пак, би значело распределеување на густата населеност во урбаниот дел на општина Ѓорче Петров, и самиот град Скопје.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.