Со засадување 1.200 темјанушки учениците од ОУ „Мирче Ацев“ го означија денот на пролетта и екологијата

Екипи на ЈП „Паркови и зеленило", денеска на првиот ден на пролетта, симболично засадија десет декоративни садници од видовите туја розенталис и ацер и 1.200 цвеќиња од видот виола – темјанушка во дворот на ОУ „Мирче Ацев", во општината Ѓорче Петров.

 

На засадувањето присуствуваа градоначалникот Петре Шилегов, градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Наумоски, директорот на ЈП „Паркови и зеленило" Ардијан Муча и ученици од училиштето.

 

Како што информираше Шилегов, Скопје од оваа пролет ќе биде побогат и за неколку нови паркови чие оформување е во тек. Градоначалникот на општина Ѓорче Петров нагласи дека општината во следниот период интензивно ќе работи на зазеленувањето на јавните површини, а побара и од граѓаните да ја зголемат свеста чување и уредување на зеленилото.

 

Активностите кои денеска беа организирани во пресрет на пролетта, ќе продолжат и во иднина, како дел од наставната програма на учениците, информираше директорката на ОУ „Мирче Ацев“.

 

Денот на пролетта и екологијата учениците го одбележаа и со базар на ракотворби, а средствата од продажбата ќе биде наменета за обезбедуање на садници кои ќе го разубават дворот на училиштето.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.