„Биди дел од чиста иднина“- акција за чистење во Ѓорче Петров

Учениците од основното училиште Димитар Поп Георгиев- Беровски и од гимназијата Кочо Рацин, општинската администрација на општина Ѓорче Петров, како и вработените во ЈП Комунална хигиена денеска ја расчистуваа депонијата во близина на гимназијата Кочо Рацин, во рамки на големата акција на ЈП Комунална хигиена која се одвива на многу локации во Скопје.

 

Раководителот на сектор во Комунална хигиена, Славко Ружиновски, информира дека минатата година претпријатието подигнало 5.000 м3 отпад, и апелира до граѓаните да ја зголемат сопствената свест за зачувување на околината, но и да ги почитуваат правилата и временките ограничувања на претпријатието, кога станува збор фрлање отпад во контејнерите.

 

Во Ѓорче Петров годишно по жител се собира од 250 до 300 килограми отпад. Сашо Максимовски од општина Ѓорче Петров смета дека ваквите акции треба да бидат пример за совесно постапување со животната средина.

 

Во акцијата се вклучи и македонскиот истакнат кошаркар Тони Симиќ, според кого ова е одличен начин да се покаже грижа за хигиента во градот.

 

Граѓаните сакаат да го следат примери на јавните личности, па затоа ние го поздравуваме позитивниот пример на кошаркарот Симиќ.

 

Највредни, сепак беа учениците. Деветооделенецот Владимир Ивановиќ од ОУ Димитар Поп Георгиев – Беровски, но и неговите соученици во вакви акции се вклучуваат секогаш кога имаат можност, а за животната средина се грижат секојдневно.

 

Целта на акцијата е подигнување на јавната свест за штетноста од несовесното постапување со отпадот и опасноста од создавањето диви депонии што директно ја загрозуваат животната околина и претставуваат закана за здравјето на граѓаните.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.