Подигнати 10 кубни метри отпад од дивата депонија покрај Вардар во Хром

Продолжува чистењето на дивите депонии во Општина Ѓорче Петров. Екипите на општинската комунална служба продолжуваат со чистење на депониите кои се едни од најголемите загадувачи на животната средина.

 

Со чистењето на сметот  ќе се промени лошата  слика која се создава покрај кејот на Вардар. Денеска, подигнати се 2 камиона на  отпад или 10 кубни метри  претежно градежен смет од дивата депонија покрај Вардар во населбата Хром. Акцијата ќе продолжи и утре а за целосно отстранување на дивата депонија, општината ќе бара соодветна асистенција и механизација од јавните претпријатија на Град Скопје.

 

Депониите од кои се шири неподнослива миризба и се извор и потенцијална закана од заразни болести ги создаваат самите граѓани. Од Општина Ѓорче Петров апелираат на совесност,  несовесните граѓани  да престанат со недоличното однесување и исфрлање на сметот во дивите депонии и истиот да го одлагаат во поставените контејнери за таа намена.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.