Прекини во снабдувањето со вода и струја

Прекини во снабдувањето со вода и струја

Без електричка енергија утре од 09:00 до 14:00  часот ќе бидат корисниците од улицата „Златко Шнајдер“ број 4 и 8 и улицата „Апостол Гусларот“ број 48, во општина Центар. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради технички зафати во електро-мрежата.

 

Од 8 до 11 часот без струја ќе бидат корисниците од улица 11 во селото Кадино, од 08:40 до 15 часот корисниците од улицата 16, од 9 до 12 часот населеното место Камник, а од 12 до 14 часот корисниците од улицата 519 во населбата Керамидница во општина Гази Баба.

 

Без струја утре од 08:30 до 12 часот ќе бидат корисниците од дел од улица „Народни Херои“, во општина Кисела Вода.

 

Од 9 до 15  часот без струја ќе останат корисниците од улиците „Нов Живот“, „Брсјачка Буна“ и „Злетовска“, во општина Шуто Оризари.

 

Без електрична енергија од 10 до 11 часот ќе бидат корисниците од викенд населбата Орешани, во општина Зелениково.

 

Без вода утре од 9:00 часот до завршување на работите ќе бидат корисниците од Музичко училиште, Уставен суд, Комерцијална банка и околните објекти на улица „Црвена скопска општина“ во општина Центар.

 

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради изведување на водоводен приклучок со пречник 300 мм на улица „Црвена скопска општина“, кој требало да биде извршен денеска, но поради немање на услови за работа е одложен за утре.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.