Пикник на добри компании во Градски парк

Пикник на добри компании

Во рамки на Пикникот на добри компании кој денеска се одржа во Градскиот парк беа засадени 70 дрвја од претставници на општествено одговорни компании и претставници на граѓанскиот и јавниот сектор. 

 

Компании и организации учесници на првиот ,,Форум на добри компании,, денеска во Градскиот парк во Скопје засадија вкупно 70 зимзелени дрвца во рамки на пикникот на добри компании кој е во организација на  Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој ,,Паблик,,  

 

Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје и ,,Скопје Мериот Хотел,,.  Дрвјата ги обезбеди ,,Скопје Мериот хотел,, заедно со холандска компанија од Тетово, а парцелата за садење Град Скопје. Амбасадорот на Кралството Холандија Ваутер Пломп рече дека дрвјата се иднината на градот и дека денешниот настан е одличен пример за корпоративно-општествената одговорност. Директорката на ,,Паблик,, Климентина Илијевски рече дека со денешната иницијатива зад себе оставаат позитивни отпечатоци во природата.

 

Следниот Форум на добри компании е закажан за 2 ноември 2017 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.