Утре времен сообраќаен режим на ул.,,Филип Втори Македонски,, во Скопје

Времен сообраќаен режим

На улицата ,,Филип Втори Македонски,, утре ќе има времен сообраќаен режим поради приклучување на објект на постојната водоводна мрежа, фекална и атмосферска канализација.

 

Времена измена на режимот на сообраќај ќе има утре на ул. ,,Филип Втори Македонски,, поради приклучување на објектот ,,Државни институции - Јавна администрација и Факултет за драмски уметности,, - Скопје на постојната водоводна мрежа, фекална и атмосферска канализација. Градежните активности кои се однесуваат на вршење на прекопот ќе ги врши ,,Гранит,, А.Д. Скопје согласно Основен проект за времен режим на сообраќај на ул.,,Филип Втори Македонски,, во Скопје.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.