Прекини во снабдувањето со вода и струја

Прекини во снабдувањето со вода и струја

ЈП Водовод и Канализација информира дека во недела поради промена на 2 затварачи од  ф 100 мм на ул. Марко Крале раскрсница со Хо Ши Мин, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Марко Крале, дел.од ул. Хо Ши Мин и дел од улиците Приштинска  ул. Зуфер Мусиќ, Андреј Музон и ул. Љубо Петровиќ во време од 09:00 часот до санирање на дефектот.

 

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека на 22, 23 и 24.04.2017 година (сабота, недела и понеделник) без електрична енергија поради закажани тејнички зафати ќе останат повеќе делови од Скопје.

 

Во сабота, во периодот од 6 и 20 до 8 часот, без струја ќе бидат селата  Дивље, Живиње, Сушица и Долно, Средно и Горно Коњаре (о. Петровец).

 

Во недела во време од 08,00 – 11,00 часот без струја ќе биде дел од Момин Поток и хотел Вергина (о. Карпош) и во понеделник во време од 09,00 – 12,00 часот без струја ќе бидат тениско игралиште Уранија, спортска сала Работнички, воениот терен и рестораните Маракана и Кај Вршац (о. Центар).





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.